ВИДЕО | “НЕ ЧУВАА КАКО ОХРИДСКИ БИСЕРИ!“ – Јелена Ѓоковиќ објави спектакуларно видео од посетата на Скопје
Споругата на еден од најдобрите тенисери во историјата, Јелена Ѓоковиќ, претходниот ден беше во посета на главниот град на Република Македонија, Скопје.
Јелена Ѓоковиќ беше во посета на Скопје за пормоција на филмот „Mudrost Traume“ кој е изработен со помош на фондацијата на Новак Ѓоковиќ која го носи неговото име.
Денес на социјалната мрежа Инстаграм, Јелена Ѓоковиќ, сподели емотивно видео од Скопје, во кое таа ги опфаќа сите убави моменти што ги поминала во македонската престолнина.
„Преубави моменти со Фондацијата ‘Новак Ѓоковиќ’ во Скопје. Не чуваа како Охридски бисер! Ќе се вратиме за уште доза љубов – како за нас, така и за вас. Ви благодарам од срце Македонија за овој прекрасен дочек и љубов“, стои во описот на видео-објавата од Јелена Ѓоковиќ на социјалната мрежа Инстаграм.
Во позадина на видеото се слушаше инструментална мелодија од традиционалната македонска песна „Македонско девојче“, а снимката ги опфаќа сите убави моменти и работни активноти што ги имала Јелена Ѓоковиќ во Скопје претходниот ден.