ВИДЕО | “НИЕ СМЕ ТУКА, ПРИДРУЃЕТЕ НИ СЕ!“ – Среде земја членка на НАТО се појавија плакати за приклучување кон групата Вагнер – ситуацијата во срцето на Европа пред ескалација !?

На улиците на полскиот град Краков се појавија постери кои ги повикуваат луѓето да им се придружат на борците на приватната воена група Вагнер, предводена од Евгениј Пригожин.

Постерите содржат QR код што води до страница на руски јазик, објавија полските медиуми, повикувајќи се на објава на членот на градскиот совет на Краков, Лукаш Вантуч, на социјалните мрежи.

Еден од плакатите, според полскиот функционер, бил залепен на паркингот на Музејот на Татковинската Армија.

Во објава на социјалните мрежи, тој наведе и кореспонденција од која е јасно дека слични ситуации имало и во други градови во Полска.

На социјалните мрежи е споделено и видео кое го прикажува истиот постер во еден од јавните тоалети во Краков.

На плакатот пишува „Тука сме. Придружете ни се. ВАГНЕР“ и QR-код кој, кога ќе се скенира, упатува на страница на руски јазик.

Полицијата соопшти дека плакатите се пронајдени во различни делови на градот, а случајот го истражува Главната управа на градската полиција во Краков.