ВИДЕО | “НИКОГАШ НЕ БИ СЕ ВРАТИЛА НА ОВА МЕСТО НА БАЛКАНОТ!“ – Девојка која патува низ светот и посетила 25 земји е целосно разочарана од нашиот јужен сосед

Британката по име Ема Маскел (25 г.) патува сама низ светот и досега посетила 25 земји и вели дека Грција односно Атина е на врвот на листата на места на кои не би се вратила – затоа што не се чувствува безбедно.

Никогаш не би се вратила во Атина. Воопшто не ми се допадна. Едноставно не се чувствував безбедно. Кога одев по улица, зборував на телефон со мајка ми и се чувствував како да добивам несакано внимание од мажите на улица, како да ме напаѓаа сите… Дури видов луѓе како се дрогираат на улица во средината на денот“, вели таа во видео објавено на социјалната мрежа Тик Ток.

Ема Маскел вели дека се обидела да биде оптимистка во врска со патувањето, па затоа сменила хостели три пати за време на нејзиниот престој во градот.

Мислев дека можеби е до делот од градот, но се обидов да се преселам во друга област и беше исто“вели таа, пренесува Daily Mail.

Девојката го сподели своето искуство со грчката престолнина во видео на Тик Ток, во кое призна дека „не ѝ се допаѓа овде“, но дека се обидува да го смени впечатокот со посета на „Акропол“ и битпазарот, а ја пробала и храната за која вели дека вкусот е подобар отколку што изгледа.

Ема Маскел, која се надева дека ќе посети 30 земји пред да наполни 30 години, вели дека и покрај искуството во Атина, би сакала да се врати во другите делови на Грција, особено на грчкиот остров Парос.