ВИДЕО | Никола Јокиќ и сопственикот на Фенис Санс во ‘клинч’! Србинот го оттурна со раката, милијардерот падна на земја – голема ‘тепачка’ во НБА

Претходната ноќ, Србинот, Никола Јокиќ, го одигра најдобриот натпревар во неговата кариера. Момчето од Сомбор натпреварот го заврши со 53 поени и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за победа на Денвер Нагетс над Феникс Санс.

Феникс Санс победија со резултат од 129:124, па сега резултатот во плеј-оф разигрувањето за шампионската титула серијата е 2:2.

Никола Јокиќ повторно беше еден од најрасположените играчи на теренот, се му одеше добро, ги „влечеше“ соиграчите во текот на натпреварот, но победата им побегна во неизвесната завршница.

Освен по блескавата игра на Србинот, овој натпревар ќе остане запаметен и по еден конфликт, а токму Никола Јокиќ се најде во „главна улога“. Имено, кога останале нешто повеќе од две минути до крајот на вториот дел, Никола Јокиќ сакал да му ја одземе топката на еден човек од публиката, а тој човек бил сопственикот на Феникс Санс.

Овој милијардер бурно реагирал, станал од столчето, за само Никола Јокиќ со рака малку да го поттурне навивачот, кој се вратил на своето место „како покосен“, а ситуацијата погледнете ја во видеото:

Инаку, станува збор за пребогатиот сопственик на Феникс Санс кој на почетокот на февруари ја купи франшизата од Роберт Сарвер и за неа издвои 4,4 милијарди долари и веднаш во голем трансфер го донесе Кевин Дурант во Аризона.