ВИДЕО | НИКОЛА ЈОКИЌ СНИМАШЕ УРНЕБЕСНА РЕКЛАМА – Американците во неверување: Србинот стана вистински хит со неговите “сочни“ пцовки на српски јазик

Најголемата ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ и неговиот соиграч Пејтон Вотсон неодамна снимија реклама која брзо стана вирален-хит во САД.

Компанијата која ги ангажирала двајцата кошаркари го организирала снимањето во Лос Анџелес, а се било завршено за десет часа. Можеби се можело да се заврши побрзо доколку Никола Јокиќ не се шегувал за време на снимањето.

На Интернет се појави видео-снимка од таканаречените „bloopers“ (грешки), односно моменти создадени за време на снимањето. На нив се забележува дека Никола Јокиќ сака коњи, но и пцуе како вистински Србин.

Дај ми секунда да влезам во улогата. Ајде по ѓаволите… Ова нема да го преведувам“, се слуша како Никола Јокиќ низ смеа пцуе на српски јазик.

Не долго потоа, тој ја заборави својата реплика и рекол:

Заборавив што требаше да кажам, ааааа, мамо, аааа!