ВИДЕО | “НИКОЈ НЕ ГИ ЧИТА МОИТЕ ПИСМА!“ – Евгениј Пригожин повторно дивееше, ‘готвачот’ не може да го смири никој: “Она од што се плашев се случува во Бахмут“

Првиот човек на платеничката воена група Вагнер, Евгениј Пригожин, уште еднаш јавно им се обрати на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и на началникот на Генералштабот на руската Армија Валериј Герасимов, обвинувајќи ги за повлекување на војската северно од Бахмут. 

Евгениј Пригожин смета дека на тој начин ги откриваат крилата на позициите во градот Бахмут. Тој се жали и дека ниту Сергеј Шојгу ниту Валериј Герасимов не одговараат на писмата што тој им ги праќа и дека, како што вели, за жал не го слушаат.