ВИДЕО | Новак со убав гест ја воодушеви убавата новинарка

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напорно се подготвува за АТП турнирот во Монте Карло. Светскиот рекет број 1 допрва треба да освои трофеј во тековната година, иако учествуваше на Австралија Опен и Индијан Велс.

Пред почетокот на натпреварувањето во Монте Карло, Ѓоковиќ даде интервју за „Еуроспорт“, а зборуваше на различни теми.

Сепак, вреди да се спомене и неговиот потег во текот на разговорот. Имено, тој и ја дал својата јакна на новинарката, поранешната тенисерка Ализ Лимкоји, а таа објаснила зошто е тоа така.

– Имав среќа да бидам со Новак, кој беше џентлмен. Овде е ладно, иако многумина мислат дека е топло – низ насмевка изјавила Ализ.

Инаку, поранешната тенисерка е во врска со поранешната НБА ѕвезда и сопственик на Асвел, Тони Паркер.