ВИДЕО | НОВАК ЃОКОВИЌ ГИ “ЗАПАЛИ“ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Србинот објави снимка од Дубаи на која се гледа и македонскиот тенисер Калин Ивановски и покажа како тие го поминуваат времето

Главни актери на последниот тениски спектакл во 2023 година ќе бидат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Сезоната и за двајцата е завршена, следната ќе започне веќе во јануари, но меѓу двете сезони се отвори простор за уште една пресметка меѓу најдобриот светски тенисер во моментот и младиот Шпанец.

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе одиграат натпревар во Ријад на 27. декември во рамките на егзибицискиот турнир.

Новак Ѓоковиќ ги заврши подготовките во Дубаи, а сега на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави видео и на тој начин на целиот свет му покажа како се припрема и што прави во Дубаи.

Ви благодарам за вашето гостопримство и поддршка за време на овие подготовки и празници со моето семејство“, напиша Србинот во објавата која можете да ја погледнете ОВДЕ.

Инаку на видеото на Новак Ѓоковиќ кое го сподели од Дубаи може да се види и најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, кој во последниот период интензивно се припремаше за следната сезона заедно со најдобриот тенисер во светот.