ВИДЕО | Додека Србија е на нозе, Александар Вучиќ се смешка и во автомобилот му пее Лепа Брена: “Побегнавме од обезбедувањето, ова е зимска бајка, луѓето се среќни…“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Тик Ток објави дека возел автомобил низ белградските улици во друштво на поранешниот градоначалник на Белград, а сега министер за финансии, Синиша Мали.

Му избегавме на обезбедувањето. Ова е зимска бајка, гледам многу луѓе, изгледа одлично. Среќни се, радосни, се подготвуваат за празниците“, вели Александар Вучиќ во видеото додека го управува возилото, а потоа му ја раскажа на министерот и анегдотата што наводно се случило во понеделникот.

Не ти кажав, имав странец денес, ќе ти кажам после кој. Тој вели дека се е во ред, прифаќаме убедливи резултати, но дајте им избори во овој град. А јас велам дека не можете да го променете тоа што го кажа народот. Но добро е, четири години мир, четири години стабилност… Голем спас за нашата земја“, заклучи Александар Вучиќ.