ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ги ‘откачија’ гледачите на ТВ – во Македонија нема човек кој не ја знае оваа забавна игра, а Англичаните немаат појма: “Што е ова ?“ – погледнете!

Камерите го следат Новак Ѓоковиќ на секој чекор бидејќи се очекува да оди до крај во Вимблдон, за да го освои својот 24. Грен Слем турнир во кариерата.

Една од водителките додека се шетала низ просторот за играчите каде што престојуваат на подготовките за натпреварите го здогледала Новак Ѓоковиќ целосно збунета:

До почетокот на натпреварот има помалку од еден час, а тој си игра… Не знам точно каква игра е ова, не ми е позната, можеби некој може да ми каже“, кажала таа во живо на телевизија додека известувала оттаму.

А на маса Србинот седел со неговиот тим, четворица, меѓу кои секако и тренерот Горан Иванишевиќ.

„Англичаните не ја знаат оваа игра“, кажала збунетата водителка, а всушност станува збор за добро познатата игра на овие простори: „Не лути се човече“.