СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ЗАМИНАЛ НА ТАЈНА МИСИЈА ВО САД! Со кого првиот човек на Руската дипломатија остварил среби во Њујорк и што договорил ?

Група поранешни американски безбедносни функционери разговарале со голем број угледни Руси, меѓу другото, за евентуален мировен договор со Украина, пишува NBC News.

Оваа задкулисна дипломатија на високо ниво се одржа во Њујорк уште во април, а состанокот на кој присуствуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров траел неколку часа во април“, потврдиле четворица поранешни и двајца сегашни функционери за NBC News.

На агендата на априлскиот состанок биле некои од најтешките прашања во војната во Украина, како што е судбината на територијата под контрола на Русија, која Украина можеби никогаш нема да може да ја ослободи и потрагата по дипломатско решение што би можело да биде прифатливо и за двете страни.

Со Сергеј Лавров седел Ричард Хас, поранешен дипломат и претседател на Советот за надворешни односи“, потврдиле сегашни и поранешни функционери во САД за споменатиот медиуми. На групата и се придружиле експертот за ЕвропаЧарлс Купчан и експертот за РусијаТомас Греам, поранешни функционери на Белата куќа и на Стејт департментот кои се соработници на Советот за надворешни односи на САД.

Оваа информација се уште не е независно потврдена или демантирана од официјален Вашингтон и официјална Москва.