ВИДЕО | НОВАК ЃОКОВИЌ ОСТАВИ ИНТЕРЕСНА ПОРАКА НА КАМЕРАТА – Еве што напиша српскиот ас пред финалната пресметка со Карлос Алкараз

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ напиша исклучително интересна и оригинална порака по пласманот во финалето на Мастерсот во Синсинати.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале, откако во полуфиналниот натпревар го совлада Германецот Александар Зверев со резултат 7:6, 7:5.

За 39. Мастерс трофеј во кариерата, српскиот ас ќе се бори против големиот ривал Карлос Алкараз, кој во полуфиналниот дуел беше подобар од Полјакот Хуберт Хуркач.

На крајот од средбата со германскиот тенисер во близина на тенискиот комплекс имаше голем огномет и тоа го инспирираше Новак Ѓоковиќ, кој остави интересна порака пред камерата по натпреварот: „Огномет… Да!

Многумина веруваат дека Новак Ѓоковиќ сакал да им каже на љубителите на тенисот дека во финалето против Карлос Алкараз ќе гледаат „огномет“ на теренот.