ВИДЕО | НОВ СКАНДАЛ ОД СИНОТ НА ЏО БАЈДЕН! Протекоа илјадници голи фотографии од Хантер со проститутки, дрога и алкохол – дел од нив се направени и на Косово !?
Синот на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, Хантер Бајден, деновиве е главна тема на насловните страници на светските медиуми бидејќи се најде среде секс скандал. Имено, протекоа илјадници фотографии на кои се гледа како гол се забавува со дрога и проститутки.
Десничарската група „Марко Поло“ објави речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер на кои се гледа како се дрогира и се забавува со проститутки.
Меѓу вкупно 8.864 фотографии има и секојдневни семејни фотографии со татко му и другите членови на семејството Бајден.
Фотографиите се направени помеѓу 2008 и 2019 година на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Кина, Лондон, Париз и Рим, пишува Daily Mail, а се извадени од апликацијата „MacBook Pro iPhoto“ односно од телефонот на Хантер – iPhone XS, 674 фотографии се со текстуални пораки, 579 фотографии се од екранот, 40 од нив се споделувани преку апликацијата за комуникација WhatsApp и 111 преку други апликации.
Погледнете дел од фотографиите ОВДЕ.
Објавувањето на овие фотографии предизвика шок кај семејството Бајден бидејќи покрај експлицитните фотографии на Хантер има и фотографии од малолетни членови на семејството.
Во април Џо Бајден објави дека повторно се кандидира за нов мандат во Белата куќа, а овој скандал на неговиот син може да остави дамка на неговата претседателска кампања.