ДАЛИ ОВА ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА СЕ !? Безбедносната служба на Украина тврди дека пресретнале важен телефонски повик: “Тоа е доказ дека Русите ја разнесоа браната во Херсон!“

Украинската служба за внатрешна безбедност во петокот соопшти дека пресретнала телефонски повик кој докажува дека руските воени сили ја разнеле хидроелектраната и браната „Нова Каховка“ во регионот Херсон на југот од Украина.

Службата за безбедност на Украина на својот канал на социјалната мрежа Телеграм објави аудио-снимка од наводниот разговор во време траење од една и пол минута.

Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на браната во Херсон, што доведе до поплави поради што илјадници луѓе останаа без своите домови и стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење.

Официјален Киев тврди дека пукањето на браната е „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва вели дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.

Гувернерот на областа Херсон под руска контрола, Владимир Салдо, денес изјави дека две лица загинале, а две се ранети во Голаја Пристан кога Украинците ја гранатирале точката за евакуација на цивили од поплавеното подрачје, поради уништувањето на браната.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина дека ги нападнала руските спасувачи во поплавената област, објави медиумската агенција Reuters.

Украинските власти во средата ги обвинија руските воени сили дека целат на спасувачите на десниот брег на реката Днепар, кој е под контрола на Киев, пренесува Reuters.