ВИДЕО | НОВ СКАНДАЛ ОД СИНОТ НА ЏО БАЈДЕН! Протекоа илјадници голи фотографии од Хантер со проститутки, дрога и алкохол – дел од нив се направени и на Косово !?

Синот на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, Хантер Бајден, деновиве е главна тема на насловните страници на светските медиуми бидејќи се најде среде секс скандал. Имено, протекоа илјадници фотографии на кои се гледа како гол се забавува со дрога и проститутки.

Десничарската група „Марко Поло“ објави речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер на кои се гледа како се дрогира и се забавува со проститутки.

Меѓу вкупно 8.864 фотографии има и секојдневни семејни фотографии со татко му и другите членови на семејството Бајден.

Фотографиите се направени помеѓу 2008 и 2019 година на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Кина, Лондон, Париз и Рим, пишува Daily Mail, а се извадени од апликацијата „MacBook Pro iPhoto“ односно од телефонот на Хантер iPhone XS, 674 фотографии се со текстуални пораки, 579 фотографии се од екранот, 40 од нив се споделувани преку апликацијата за комуникација WhatsApp и 111 преку други апликации.

Погледнете дел од фотографиите ОВДЕ.

Објавувањето на овие фотографии предизвика шок кај семејството Бајден бидејќи покрај експлицитните фотографии на Хантер има и фотографии од малолетни членови на семејството.

Во април Џо Бајден објави дека повторно се кандидира за нов мандат во Белата куќа, а овој скандал на неговиот син може да остави дамка на неговата претседателска кампања.