ВИДЕО | Обожавателите чекаа автограм и останаа шокирани: Жерар Пике слушајќи гласовна порака падна во дупка на подот и целосно го снема од кадарот на камерите

Поранешната фудбалска ѕвезда на БарселонаЖерар Пике, овој вторник падна во дупка покрај бината на отворањето на своето натпреварување наречено „Лига на кралевите“, пишува Daily Mail.

Имено, се чинеше дека 36-годишникот слуша говорна порака на мобилниот телефон додека оди да се потпише на дресот на Барселона на еден од обожавателите во публиката. Сепак, тој не ја забележал празнината помеѓу бината и бариерата зад која стоеле обожавателите. Жерар Пике падна низ отворот и целосно исчезна од кадарот на камерите, оставајќи ја публиката загрижена и шокирана.

Неколку секунди по падот од околу два метри, немаше трага од Жерар Пике и публиката беше загрижена дали тој е повреден. Сепак, како што се испостави, целиот инцидент заврши без никакви последици за славниот фудбалер.