ВИДЕО | Објавена последната снимка од исчезнатата подморница! Експертите од САД скептични: “Ова е многу сомнително!“ – погледнете

Последната фотографија од исчезнатата подморница Titan, ја покажува истата на површината на Атлантскиот Океан непосредно пред да отиде во длабочините за да ги обиколи остатоците од потонатиот брод Титаник.

Контактот со бродот кој ги следи нејзините движења бил изгубен во неделата, час и 45 минути по нуркањето. Daily Mirror, кој ја објави последната фотографија од Titan, цитира проценки дека на подморницата има уште околу 70 часа кислород.

Контактот со подморницата бил изгубен еден час и 45 минути по нејзиното нуркање.

Морам да кажам дека работите изгледаат многу сомнително во овој момент, имајќи предвид дека за екипажот не се слушнало толку долго“, рекол поранешниот капетан на подморницата на американската морнарица Томас Шугарт.

Експертите се скептични за успехот на потрагата по потонатата подморница.

Не навестува добро тоа што страните за пребарување сè уште не пријавиле дека ја пронашле исчезнатата подморница“, изјавил поранешниот капетан на подморницата на американската морнарица, Томас Шугарт за CNN.

Во малата подморница се наоѓаат британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, член на одборот на директори на познатиот американски институт SETI и неговиот син Сулејман, кој живее во Велика Британија.