ВИДЕО | Објавена тајна снимка од состанок во Кремљ: Погледнете за што зборувал Владимир Путин: “Тој се крие во странство…“

На социјалните мрежи како ‘молња’ се шири видео-снимка направена во Кремљ, од состанокот на државниот самит на Руската Федерација.

Имено, на снимката која беше објавена, се слуша рускиот претседател Владимир Путин како вели дека знае каде е врховниот командант на украинската Армија, Валериј Залужни.

Прашајте го каде е. За тоа ќе треба да употребите странски јазик. Мислам дека е во странство“, рекол Владимир Путин со насмевка и додал: „Но, можеби грешам“.

За потсетување, минатиот месец руските медиуми објавија дека Валериј Залужни бил ранет во ракетен напад во близина на регионот Херсон, иако официјален Киев тоа го негираше.