ФОТО | ИСЧЕЗНАТИ ДВЕ ТИНЕЈЏЕРКИ ОД СОСЕДНА ГРЦИЈА – Се верува дека се животно загрозени, а полицијата апелира до граѓаните да помогнат

Претходниот ден (четврток) попладне исчезнале две тинејџерки по име Елефтерија С. (13 г.) и Аикатерини П. (14 г.) од Калитеа во соседна Грција.

Грчката невладина организација „Насмевка на Детето“ веднаш по налог на обвинителството објави детали за малолетничките бидејќи постојат причини поради кои се смета дека се во опасност, пренесуваат соседните медиуми.

Елефтерија С. има црна коса, кафени очи, висока е 1,70 метри и тежи 85 килограми. На денот кога исчезнала, носела црна тренерка со бела лента, без блуза, црна јакна и бели патики.

Екатерини П. има кафена коса, кафени очи, висока е 1,65 метри и тежи 80 килограми. На денот кога исчезнала, носела бела блуза, црн кардиган, црни панталони и бели тренерки.

Од грчката полиција апелираат доколку некој има информации да се обрати до полициските станици во земјава или на европската телефонска линија за исчезнати деца – 116000.