Луис Хамилтон официјално во Ферари: Ова се деталите за сензационалниот трансфер

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе вози за Ферари од 2025 година!

Познатиот Формула 1 тим од Италија оваа вечер се огласи и објави добра вест за нив.

Хамилтон ќе го напушти Мерцедес на крајот на 2024 година и ќе вози за Скудерија од следната година во 2025 година.

„Скудерија Ферари со задоволство може да објави дека Луис Хамилтон ќе се приклучи на тимот во 2025 година, со повеќегодишен договор“, објави италијанскиот конструктор.

Речиси во исто време пред јавноста се обрати и Мерцедес.

„Мерцедес и Луис Хамилтон ќе се разделат на крајот од сезоната 2024. Луис ја активираше опцијата што го ослободува од договорот“, објавија тие.