ВИДЕО | Оваа девојка ја носела ‘титулата’ на најдебела жена во светот – имала 338 килограми! Погледнете ја нејзината трансформација која ги остава без зборови сите – нема да ја препознаете!

Кристина Филипс (30 г.) од Мисисипи, САД, беше една од најдебелите жени на планетата. На 22-годишна возраст внесувала повеќе од 7.000 калории дневно и достигнала тежина од 338 килограми.

Две години не излегувала од дома, едвај станувала од креветот, а секој пат кога ќе направела неколку чекори низ собата се чуствувала како дека ќе се задуши. И тогаш таа донела одлука да го промени својот живот од корен и да ослабе неверојатни 243 килограми.

Кристина Филипс се прослави со учество во американско реално шоу, во кое беше претставен животот на девојките кои тежат повеќе од 200 килограми.

Заробена сум во ова тело во кое не сакам да бидам“, ​​им кажа тогаш таа на продуцентите.

Кристина Филипс

Вината за проблемите со тежината ја префрлила на нејзината мајка и тогашниот сопруг Зак, кои и дозволувале да се прејадува и и купувале оброци за брза храна. На крајот побарала помош од докторите кои и објасниле дека толку големо количество масни наслаги може да се отстранат само со операција. Меѓутоа, за воопшто да се оперира, морала да ослабе.

Нејзината трансформација започнала во 2014 година, а Кристина Филипс денес е целосно непрепознатлива. Има 83 килограми и гордо го покажува своето витко тело на социјалните мрежи. Имено, пред осум години докторите и направиле операција на стомакот, но таа не била доволна, па морале хируршки да ги отстранат масните наслаги од одредени делови од телото.

Како што тогаш пишуваа американските медиуми, хирурзите и отстраниле по 20 килограми маснотии од секоја нога на Кристина Филипс.

По операцијата и закрепнувањето, Кристина Филипс продолжила да слабее и во следните години изгубила две третини од својата поранешна тежина. Сепак, тоа и донело нови здравствени проблеми. Таа со денови одбивала да јаде, плашејќи се дека ќе ја врати тежината.

Секогаш кога ќе видов дека иглата на вагата покажува дека сум се здебелила, прекинував да јадам на неколку дена. Се плашев дека повторно ќе останам заробена во куќата и дека нема да можам да живеам нормално“, искрено еднаш кажала Кристина Филипс.

И додека таа во еден момент слабеела и следеле други проблеми. Немала поддршка од сопругот Зак, постојано се расправале поради што била во депресија и имала проблеми со анксиозноста.

Во еден момент сфатив дека ова е моја борба и дека не можам да сметам на Зак“, објаснила таа.

Двојката на крајот се развела, но Кристина Филипс не се откажа од својата цел додека не ја вратила тежината во нормала.

Во меѓувреме, таа повторно се заљубила и родила два сина. За среќа, внимавала што јаде за време на бременоста за да не се здебели премногу.