ВИДЕО | ОВАА ЕДИНИЦА ГИ “ЧИСТИ“ ПОДЗЕМНИТЕ ТУНЕЛИ НА ХАМАС – Кога Армијата нема решение, израелските “дијаманти“ имаат

Војната во Израел трае повеќе од еден месец, крајот на конфликтот не се гледа, а Business Insider пишува дека Хамас има предност во вид на „домашен терен“ во Појасот Газа поради неговото познавање на областа со која владее од 2007 година. 

Нивното главно оружје се подземни тунели кои се користат за ненадејни напади, транспорт на оружје, муниција, но и за криење. Сепак, израелската Армија има решение за тоа. ИДФ има специјално обучена подземна војничка единица. Таа единица се нарекува – Џахал, што на македонски значи „дијамант“. Единицата е создадена во 1995 година, а се зголеми во 2014 година кога изби војната во Појасот Газа. Нивните задачи се рушење згради, саботажа на непријателска инфраструктура, поставување експлозив и неутрализирање на непријателски експлозивни направи.

За да може израелски војник да стане член на оваа единица, мора да помине строги проверки кои траат неколку дена. Потоа започнува тренинг програмата, која е долга, тешка и напорна, која трае 16 месеци. Џахал ѝ се придружи на редовната израелска Армија во копнениот напад врз Појасот Газа.