ВИДЕО | Оваа млада девоја има милиони, но живее од социјална помош! Нејзиниот татко и го оставил богатството на тестамент, а таа не може да ги исполни условите за да го добие тоа што го ‘заслужува’!
Клер Браун, 26-годишна Австралијка од Сиднеј, лесно може да ја збогати својата сметка за 12 милиони австралиски долари, што е околу седум милиони евра.
Tаткото на оваа девојка починал во јануари, а во тестаментот истакнал дека Клер Браун ќе има имот вреден 12 милиони долари доколку исполни два негови услови, ако најде работа и ако смисли начин да придонесе нешто корисно за општеството.
Невработената Клер Браун, сепак, вели дека тоа нема да се случи, но сепак побарала од нејзиното семејство да и го испорача она за што таа верува дека е нејзино.
Клер Браун моментално живее со сопругот и1-годишната ќерка, добива социјална помош и објасни за A Current Affair дека не може да работи бидејќи боледува од АДХД, нарушување на хиперактивност со недостаток на внимание и тврди дека има високофункционален аутизам.
„Работодавците не се подготвени да им дадат шанса на таквите како мене“, кажала таа меѓу другото, а интересно е што во нејзина одбрана се јавила и нејзината свекрва. Имено, оваа Австралијка ќе се обиде да ги оспори условите кои и се наметнати со тестаментот на суд и да го добие тоа што го „наследила“.