ВИДЕО | ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ НА ИНТЕРНЕТ – Томас Милер заработува милиони, а погледнете каков мобилен телефон користи: “Време е да си купам нов!“

Еден од најискусните играчи на Баерн МинхенТомас Милер, се најде во центарот на медиумското внимание откако беше објавено видео од неговиот клубски колега на социјални медиуми, Леон Горецка.

Имено, на видеото кое најверојатно е снимено во хотелот во кој престојувале фудбалерите на Баерн Минхен на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, јасно се гледа видно оштетениот и „скршен“ мобилен телефон на германската ѕвезда.

На видеото се слуша разговор меѓу двајцата играчи во кој Леон Горецка зачудено коментира за состојбата на мобилниот телефон на Томас Милер.

Што е со мобилниот телефон ?“, прашува Леон Горецка во видеото.

Време е да си купам нов!“, одговара Томас Милер.

Потоа Леон Горецка го прашал дали неговиот мобилен телефон сè уште работи, на што Германецот одговорил:

Да, но батеријата брзо се загрева, а потоа и мојата рака кога сум на мобилен телефон!“.

Видеото од ситуацијата која е хит на Интернет можете да го погледнете ОВДЕ.

Играчите беа видно опуштено расположени, а тоа секако дојде по новата победа што ја постигнаа во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Баварскиот клуб на гостувањето во Манчестер победи со минимални 1:0 и со тоа го потврди првото место во групата.