Монструм 7 години силувал крави и телиња: Грозоморен случај на насилство, ноќе се прикрадувал во штала, монструмот фатен со спуштени панталони

Извесен млад човек кој беше фатен на сред секс со теле избегна да оди во затвор.

Фармерот Иан Фарвел го пронашол Лијам Браун (25) со спуштени панталони и како водел љубов со телиња на нивната фарма за добиток во Бартон, Дорсет. Полицијата откри дека Браун седум години имал секс со крави на фармата, а примерокот од ДНК земен од телето докажал дека односот се случил на 12 јуни 2022 година.

Сопругата на Фарвел, Трејси, тврди дека Браун требало да биде испратен во затвор откако истрагата покажала дека користел сигурносен појас за да ги врзува кравите.

– Мислам дека требаше да оди во затвор. Тоа беше страшно време за нас. Тој на полицијата и’ рекол дека тоа трае седум години. Мојата работа беше да ги хранам телињата. Беа добро кога навечер ќе ги оставев, а потоа наутро ќе ги најдев болни и тешко дишат. Мислев дека имаат пневмонија, па се обидов да ги лекувам поради тоа, но тоа беше затоа што ги давеше со појас, рече Трејси Фарвел.

Перверзникот се обидел да побегне од фармерот и неговиот син, но при прескокнување на оградата паднал и си ја повредил ногата.

Таткото на Браун работел како тракторист 17 години на фармата, која од 1879 година е во сопственост на семејството Фарвел.

Медиумите пренесуваат дека кога некои телиња почнале да умираат без никакво објаснување, семејството Фарвел се обидело да ја сменат храната и да им дадат лек за пневмонија, но ништо не помогнало. Тие дури ги обвинија нивните добавувачи дека не се грижат за животните.

– Телињата се разболуваа и умираа без некоја очигледна причина, но тоа се должи на незамисливите постапки на обвинетиот. Животните се навистина важни за мене, тоа што го дознав ми ја распарчи душата. Тој изврши вистински притисок врз семејството, сите се обвинувавме еден со друг, но вистината беше нешто што не можевме да го разбереме – рече Фарвел.

Браун, кој е од Борнмаут, призна една точка за сексуална пенетрација со живо животно и една точка за предизвикување непотребно страдање на заштитени животни.

Судијата Кит Катлер рече дека случајот е „бизарен и вознемирувачки“ и заклучи дека продолжениот ред на заедницата би бил „конструктивен“ од испраќањето на Браун во затвор. На обвинетиот исто така му е наложено да плати 600 фунти компензација на Фарвел кој изгубил илјадници фунти поради прераната смрт на неколку животни за кои се сомнева дека биле предизвикани од Браун.

Фарвел рече дека 20 телиња умреле прерано.

– Не можеме 100 проценти да докажеме, можеа да бидат болни, но од лани до сега умреа десетици телиња. Нè чинеше десетици илјади – вели земјоделецот.

Адвокатот на обвинетиот, Оливија Мекгонигл, рече дека Браун се кае.

– Лиам не живее во близина на фарма и нема намера да работи со добиток. Тој живее со мајка си, но постои можност да се пресели кај својата девојка која многу му дава поддршка. Тој изрази колку жали поради тоа. Го вознемирува болката што ја предизвика – наведува адвокатот.

Браун беше осуден на три години во заедницата со услови за рехабилитација и 150 часа неплатена работа, а исто така беше дисквалификуван од чување добиток за десет години .