ЕДЕН ДРЕС КАКО ЦЕЛО БОГАТСТВО – Откриена е цифрата за која се продадени дресовите на Лионел Меси од Светското првенство во Катар

Аукциската куќа „Sotheby‘s“ продаде шест дресови што ги носеше капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси за време на Светското првенство минатата година во Катар за 7,2 милиони евра.

Лионел Меси минатата година ја предводеше Аргентина до светската титула.

Овие историски дресови се сеќавање на еден од најважните моменти во спортот и се поврзани со врвот на кариерата на еден од најголемите играчи на сите времиња“, објасни претставникот на „Sotheby‘s“, Брам Вахтер.