ВИДЕО | ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ! Средбата помеѓу Лука Модриќ и Касемиро го насмеа целиот свет – Хрватот како да виде мало дете, а не 30-годишен маж, погледнете!

Во пријателскиот натпревар во Хјустон, фудбалерите на Реал Мадрид го победија Манчестер Јунајтед со 2:0, а тоа беше одлична можност повторно да се видат поранешните соиграчи.

Касемиро долги години го носеше дресот на мадридскиот клуб, а во трансфер вреден 70 милиони евра премина во редовите на англискиот гигант.

Лука Модриќ и Касемиро до неодамна функционираа брилијантно на теренот, а вчера повторно се сретнаа во САД, а нивната средба не можеше да помине незабележана.

Сето тоа го снимија телевизиските камери, а како Лука Модриќ се поздрави со фудбалерот на Манчестер Јунајтед погледнете во продолжение: