ВИДЕО | “ОВА Е НАША ВТОРА ВОЈНА ЗА НЕЗАВИСНОСТ!“ – Израелската Армија тврди: “Погледнете што има во тунелите под најголемата болница во Појасот Газа!“

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, најави дека неговата земја влегува во втората фаза од војната против Хамас. Израелската Армија повторно ги повика цивилите во Појасот Газа во неделата да се упатат кон југ, предупредувајќи дека ги засилува операциите.

Палестинската Црвена полумесечина извести дека Израел бара од нив веднаш да ја евакуираат болницата „Ал Кудс“, бидејќи таа ќе биде бомбардирана. Израел постојано ги предупредуваше жителите на Појасот Газа да се држат подалеку од упориштата на Хамас, а сега ја зајакнуваат итноста на тоа предупредување.

Јужно од Вади Газа, цивилите треба да имаат пристап до вода, храна и лекови, ветува израелската Армија.

слика
Бенјамин Нетанјаху

Втората фаза од војната е копнена инвазија. Во првите недели од војната извршивме обемни воздушни напади, кои му нанесоа сериозен удар на непријателот“, порача Бенјамин Нетанјаху во саботата навечер и додаде: „Елиминиравме многу терористи. Сепак, ние сме само на почетокот. Битката внатре во Појасот Газа ќе биде тешка и долга; ова е наша втора војна за независност“.

Израелската Армија преминува во следната фаза од војната против Хамас во Појасот Газа од воздух, земја и море“, изјави портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари

Претставникот на ОН за човекови права Фолкер Турк повторно предупреди дека копнените операции во Појасот Газа ќе доведат до илјадници смртни случаи. Во урнатините се затрупани голем број мртви и ранети. 

Смрдеата на смртта е насекаде – во секоја улица и во секоја куќа“, изјавил за AFP лекарот Раед ал-Астал од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа

Папата Франциско повика на прекин на огнот и повторно апелираше до Хамас да ги ослободи израелските заложници. 

Браќа и сестри, престанете. Војната е секогаш пораз, секогаш“, порача Папата.

Ноќта во саботата, по најсилниот воздушен напад од 7. октомври, израелската Армија започна копнена инвазија на Појасот Газа, која остана без струја и телекомуникации. Целосниот прекин на интернет и мобилниот сигнал во Појасот Газа ја отежна ситуацијата за спасувачките тимови бидејќи жртвите не можеа да повикаат помош. Утринава се обновени комуникациите.

Првата ноќ, ИДФ извести дека нејзините авиони погодиле 150 подземни цели на Хамас во Појасот Газа, додека Палестинците известуваат за судири со израелските тенкови и пешадија на три локации: најинтензивни на север во областите Беит Лахиа и Беит Ханун, а помалку интензивни источно од Буреи во централна Појасот Газа и источно од Кан Јунис.

Ракетниот оган бил концентриран во населбата Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, каде многу згради биле срамнети со земја. ИДФ во неделата објави дека погодиле повеќе од 450 воени цели на Хамас за 24 часа: командни пунктови, набљудувачки пунктови и противтенковски позиции.

Министерството за здравство на Појасот Газа, управувано од Хамас, соопшти дека вкупниот број на загинати во Појасот Газа во неделата се искачи на 8.005, пренесува медиумската агенција Reuters.

Рано во неделата, израелската Aрмија ја бомбардираше областа околу болницата „Шифа“, најголемата во Појасот Газа. Пристапните патишта се уништени, јавува AP News, според локалните жители. Илјадници цивили се засолниле во болницата, но израелската Армија тврди дека Хамас изградил подземни бункери под неа. 

Да се ​​стигне до болницата станува сè потешко, се чини дека сакаат да ја отсечат областа“, изјавил за AP News по телефон Махмуд ал-Савах од болницата.

слика
Појасот Газа

УНРВА, агенцијата за помош на ОН за палестинските бегалци, објави дека повеќе од 50 нејзини вработени биле убиени во нападите, а нивната способност за дејствување е сериозно ослабена. Илјадници луѓе упаднаа во неколку магацини на УНРВА во Појасот Газа, одземајќи брашно и други основни предмети. Томас Вајт, прв човек на УНРВА во Појасот Газа, истакнува дека ова е загрижувачки сигнал дека граѓанскиот поредок почнува да се урива по три недели војна и целосна блокада на Појасот Газа

Ситуацијата во Појасот Газа од час во час станува се поочајна“, предупредува генералниот секретар на ОНАнтонио Гутереш

Бројот на убиени или повредени цивили е целосно неприфатлив. „Жал ми е што наместо неопходна хуманитарна пауза, Израел ги засили воените операции. Светот е сведок на хуманитарна катастрофа што се одвива пред нашите очи“, предупредува Антонио Гутереш и заклучи: „Повеќе од два милиони луѓе, без каде да одат, се лишени од основните потреби за живот – храна, вода, засолниште и медицинска нега – додека се изложени на немилосрдно бомбардирање“.

Во текот на викендот, израелската Армија во серија објави на социјалната мрежа Х (Твитер) тврдеше дека седиштето на Хамас се наоѓа под најголемата болница во Појасот Газа, „Шифа“.

ИДФ објави анимиран приказ на болницата и областа под неа, каде наводно биле стационирани членови на Хамас. Како доказ за нивните тврдења, израелските сили наведуваат пресретнати аудио и видео снимки на членови на Хамас. Анимираниот приказ во вид на видео-снимка можете да го погледнете ОВДЕ.