ВИДЕО | ОВА Е ПАЛАТАТА НА ВЛАДИМИР ПУТИН ВО СРЦЕТО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Локалното население во шок: Руската Влада е сопственик на овој замок наречен “Британски Кремљ“

Од фреквентниот кварт А268 во срцето на Сасекс, нема ништо што укажува на присуство на раскошна руска дипломатска палата скриена зад висока жива ограда и дрвја покрај патот.

Влезот во палатата „Sycox Hit“ со 50 соби, која била изградена во 1871 година за државникот Џорџ Гошен, има едноставна, црна врата од ковано железо со огледало поставена во близина за да го олесни сообраќајот на прометниот пат од селото Флимвел до Хокхурст во Сасекс.

Самото присуство на безбедносните камери на врвот на оградата зборува во прилог на важноста на оваа палата, која се наоѓа на границата меѓу Источен Сасекс и Кент.

Но, во селото Хокхурст постои вистинска загриженост за присуството на оваа палата, која е во сопственост на руската Влада од 1946 година. Војната во Украина ги сврте очите на локалното население назад кон големата палата, на крајот од долг, приватен пат меѓу хектари празна пространа земја, пишува Daily Mail.

Палатата беше игнорирана со децении, но кога се дозна дека станува збор за продолжение на руската амбасада во Лондон, локалното население – револтирано од инвазијата – со спреј исцртуваше проукраински графити на влезот од палатата, додека писателката и новинарка Ребека Де Сантонге постави украински знамиња пред влезот.

Таа изјави дека палатата, која некои медиуми ја нарекоа „Британски Кремљ“, била во фокусот на многу вистинско противење на инвазијата и излив на емоции.

До неодамна, постоењето на руската дипломатска палата во областа беше речиси непознато за локалното население. Но, минатогодишните протести го фокусираа вниманието кон имотот, предизвикувајќи загриженост за безбедноста.

Знам за неа веќе некое време и ако погледнете внимателно, можете да видите повеќе камери за надзор и бодликава жица околу местото. Видов и долг, црн Mercedes-Benz како минува низ предната капија и тогаш организиравме протести. Видовме луѓе од палатата во селото кои повремено одеа во пабот“, изјавила Линдзи Бароу, цвеќарка во овој регион.

Мислам дека е прилично чудно што руската влада има зграда овде во срцето на Англија“, додала таа.

Имотот наводно е резиденција на рускиот амбасадор во ЛондонАндреј Келин. Кога не се користи за дипломатски функции, за него се грижи постар пар од Русија.

Андреј Келин
Андреј Келин

По мојот протест ме посетија двајца полицајци. Мислам дека беа загрижени за безбедноста на постарата двојка од Русија која се грижеше за имотот. Ги спуштивме нашите знамиња за да помогнеме да се смири ситуацијата. Очигледно, протестот беше емотивен одговор на инвазијата, но не беше правилно да се доведе постарата двојка во каква било опасност“, изјавила новинарката Ребека Де Сантонге.

Блуи Прат (93 г.), кој живее во овој регион и служел во командата на бомбардери за време на неговата служба во Кралските воздухопловни сили (РАФ) во 1951-53 година, рекол дека не знаел дека Русите се толку блиску.

Навистина сум изненаден. Служев на самиот почеток на Студената војна, така што имавме многу реални стравови за нив“, рекол тој за тамошните медиуми.

Блуи Прат изјавил дека летал со американски бомбардери B-29 кои биле базирани во Велика Британија по војната и дека во авионот ставале лажни атомски бомби за да ги измамат Русите во тоа време.

Според Daily Mail, во селото се уште има луѓе кои не се свесни за руското присуство во нивната заедница.