ВИДЕО | “ОВА Е ТАЈНАТА НА МОЈАТА ВЕЧНА МЛАДОСТ!“ – Оваа 52-годишна баба изгледа како тинејџерка и е вистински хит на социјалните мрежи, а позади нејзината слава се крие вистинска бизарност
Оваа гламурозна баба решила да го врати часовникот назад и да изгледа со децении помладо. Имено, моделот за долна облека Џина Стјуарт неделава ги шокираше своите 400.000 следбеници кога сподели видео на кое во прилично тинејџерско издание потпевнува на хитот на Ријана „Diamonds“.
Во видеото, бабата и мајката на четири деца изгледаат како новопечена студентка во раните дваесетти години од животот, а нејзината објава можете да ја погледнете ОВДЕ.
Видеото ги збуни нејзините многубројни машки следбеници, а еден нејзин обожавател напишал: „Каков прекрасен и природен изглед!“, додека друг додал: „Па ти си најубавата девојка што сум ја видел“.
Сепак, излегува дека изгледот на Џина Стјуарт кој ѝ пркоси на возраста е резултат на технологијата за вештачка интелигенција која и помогна да го „врати времето назад“. Откако помина години правејќи видеа на за платформата за возрасни – OnlyFans, Џина Стјуарт реши да ја подигне својата манекенска кариера на следното ниво со здружување со компанија за вештачка интелигенција за да стане целосно виртуелна.
„Смешното е што мажите го сакаат тоа“, изјавила таа неодамна за Daily Mail додавајќи дека моделите со вештачка интелигенција се гламурозни, убави и пожелни, како моделите на PlayBoy во деведесеттите.
„Претпоставувам дека е сличен концепт на суперхерои, секој сака и има омилен суперхерој, оди во кино да го гледа, му се восхитува… Сакаат да бидат како нив, иако не се реални. Тоа е фантазија и бегство од реалноста“, објаснила таа.
Џина Стјуарт, позната на Интернет како „најжешката баба на светот“, стана ѕвезда кога нејзините гламурозни фотографии станаа вирални. Славата ја заработи со здружување со платформата OnlyFans и магазинот PlayBoy, но сега реши целосно да се „виртуелизира“ откако и здосади постојано да позира и да се фотографира.
Таа тврди дека ѝ здосадило да поставува видеа, да ја средува косата, ноктите, да се шминка, да се дотерува и целото време да инвестира за сето тоа. Имено, и требало пауза и одмор, а во тој момент се родила 28-годишната компјутерски генерирана Џина Стјуарт од Калифорнија која е апсолутен хит.