ВИДЕО | ОВА Е ХИТ НА ИНТЕРНЕТ – Погледнете како Реџеп Таип Ердоган игра кошарка со пратениците на 69 години: “Сакам да спортувам три пати на ден!“

На социјалните мрежи протече видео од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган (69 г.), како игра кошарка со пратеници во спортска сала.

Турскиот радиодифузер TRT објави видео на социјалните мрежи за кое вели дека е снимено од Мустафа Варанк, пратеник од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган.

Се наведува дека тренинг-натпреварот се одиграл во сала која се наоѓа во рамките на претседателскиот комплекс во Анкара.

Ова не е прв пат Реџеп Таип Ердоган да излегува на кошаркарски терен со своите соработници, а во октомври 2021 година TRT објави и снимка од турскиот претседател како игра кошарка надвор.

Тој на почетокот на годинава преку социјалните мрежи ги повика сонародниците да спортуваат за да го подобрат животот и здравјето и кажа дека се труди три пати на ден да има спортски активности.