ВИДЕО | “ОВА НЕМА ДА ГО ПРОСТАМ!“ – Рамзан Кадиров со солзи во очите им се закани на Американците за санкциите кон неговата мајка: “Ќе го скршиме рбетот на НАТО!“
Откако мајката на озлогласениот чеченски лидер се најде на списокот на санкции од Соединетите Американски Држави (САД), Рамзан Кадиров упати директни закани во најновото видео објавено на социјалната мрежа Телеграм.
Видеото на социјалната мрежа Х (Твитер) го сподели заменик-министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, додавајќи на видеото превод на англиски јазик:
„Отстранете ги брзо санкциите. Нема да ви простам што и наметнавте санкции на мајка ми. Ќе направам се!“, наведува тој во видео-снимката, а Антон Герашченко во објавата ги приложи и натамошните закани на Рамзан Кадиров.
„Ова само ни ги одврзува рацете, ако државите ги легализираа ваквите криминални методи, тогаш нема да бидеме ограничени со никакви граници“, вели Рамзан Кадиров во видеото.
„Грузија, Украина – сето тоа се американски проекти на постсоветскиот простор, а да не зборуваме за други конфликти низ светот, започнати од фиктивни причини. И ако американските криминалци се извлечат со тоа, нема да одат со Русија. Нека уживаат во нашите безболни санкции. Ќе продолжиме да им го кршиме грбот на украинско-НАТО бандите. Можеме да одиме дури и до Елба, како што некогаш направи Висаитов во војната против нацистите“, се заканува чеченскиот лидер.
„На Стејт департментот му е премногу удобно да го турка украинскиот народ до смрт додека се крие зад мирна демократија. Оваа американска одвратност треба да се скрши“, вели на крајот од видеото Рамзан Кадиров.