ВИДЕО | ОВА ОТКРИТИЕ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ ИСТОРИЈАТА! Пронајден огромен древен град, кој бил скриен под бујна вегетација илјадници години !?
Огромен антички град е пронајден во Амазонија, кој бил скриен од бујна вегетација илјадници години. Ова откритие го менува она што е познато за историјата на луѓето кои живеат во Амазон, објави BBC.
Според извештаите, куќите и плоштадите во регионот Упано во источен Еквадор биле поврзани со голема мрежа на патишта и канали. Областа е во сенка на вулкан, што ја прави околната почва многу плодна, но тоа можеби довело до исчезнување на заедницата што живеела таму.
Врз основа на знаењето за градовите во планинските региони на Јужна Америка, како што е Мачу Пикчу во Перу, се верувало дека луѓето живеат само како номади или во мали населби во Амазон.
„Ова е постар локалитет од кој било друг археолошки локалитет што го знаеме во Амазонија. Имаме евроцентричен поглед на цивилизацијата, но тоа покажува дека мораме да ја промениме нашата идеја за тоа што е култура и цивилизација“, вели професорот Стефан Ростин од Центарот за научни истражувања во Франција, кој го предводеше истражувањето.
Според Антоан Дорисон, кој е коавтор на истражувањето, ова го менува начинот на кој ги гледаме амазонските култури.
„Повеќето луѓе замислуваат мали групи, веројатно голи луѓе, кои живееле во колиби и ја одгледувале земјата – ова покажува дека античките луѓе живееле во комплицирани урбани општества“, истакна тој.
Градот бил изграден пред околу 2.500 години и, како што проценуваат научниците, во него живееле 10.000, ако не и 100.000 луѓе.