ВИДЕО | Овој матемаричар пронајдел ‘совршена дупка’ во системот – неговиот генијален ум му овозможил да стане милијардер: “Освоил дури 14 главни награди на државната лотарија!“
Шансите за освојување на џек-пот се приближно еден на 14 милиони.
Но, математичарот Стефан Мендел пронашол начин да освои џек-пот дури 14 пати, без да прекрши ниту еден закон, пишува Daily Mail.
Овој Австралиец со романско потекло ја искористил својата генијалност и талент за бројки за да создаде речиси совршена формула за разбивање на системот.
Додека работел во Романија како економист Стефан Мендел го тестирал својот изум, надевајќи се дека ќе го освои вториот џек-пот, користејќи ја неговата формула за пет броеви и избирајќи го шестиот број по случаен избор.
На крајот ја освоил главната награда, која му овозможила да ја напушти Романија и со семејството да се пресели во Австралија.
Не долго по пристигнувањето во својата нова татковина, Стефан Мендел започнал да ја прилагодува својата формула на австралиската лотарија.
Но, поради неисцрпниот број на можни комбинации во австралиската лотарија, Стефан Мендел започнал да бара инвеститори со намера да купи што е можно поголем број на ливчиња во секое извлекување.
Со пет од шесте броеви избрани од системот, бројот на можни комбинации станал конечен, а Стефан Мендел се фокусирал на главните награди кои нудат најголеми суми на добивка.
Тој се обидел да ја плати секоја можна комбинација надевајќи се дека ќе го освои џек-потот.
По 12 победи, австралиските власти започнале да го истражуваат.
Иако неговите активности не биле нелегални, било одлучено дека тоа што го прави не е во духот на играта, па биле донесени посебни закони за да се спречи да продолжи да освојува големи награди.
На пример, станало нелегално исто лице да ги купи сите билети, но тој и за ова правило пронашол ‘дупка во законот’, па имал свој инвеститори.
Но потоа бил воведен друг закон според кој исто така е незаконски група луѓе да ги купуваат сите билети, но Стефан Мандел повторно пронајдел начин да го заобиколи и тој закон.
За да може Стефан Мандел да најде решение за некоја пречка, австралиската Влада поставила посебни правила за него.
По некое време, на Стефан Мандел му здосадило сето тоа истегнување, па се насочил кон поголем улов.
Додека ги истражувал неговите опции, дознал дека САД сè уште не ги вовеле ограничувањата што важат во Австралија.
Тој веднаш се зафатил кон остварување на американскиот систем, со посебен акцент на лотаријата во сојузната држава Вирџинија.
Тогаш имало 7,1 милион можни комбинации, а билетите се продавале по цена од еден долар.
Стефан Мандел убедил 2.500 Австралијци да инвестираат по 2.500 долари.
Две години подоцна, џек-потот бил 27 милиони долари, а тимот на Стефан Мандел ги купил сите билети.
„Знаев дека ќе освојам прва награда, шест втори награди, 132 трети награди и неколку илјади помали награди“, рекол тој, а вкупно заработил 30 милиони долари.
Но, резултатот бил судска битка која траела четири години и во која биле вклучени и ЦИА и ФБИ. Но, не нашле ништо незаконски.
Но, поради Стефан Мандела се промениле и законите во САД, по што неговата техника веќе не можела да се користи ниту таму.
Инаку, Стефан Мандел банкротирал во 1995 година.