ВИДЕО | ОВОЈ ПАР Е ВИСТИНСКИ ХИТ НА ИНТЕРНЕТ! Тој е висок два метри и има 193 килограми додека неговата сопруга само 50 – запознајте го ‘човекот планина’

Постојат многу неусогласени парови кои се популарни на светската сцена денес благодарени на социјалните мрежи и Интернетот.

Хафтор Јулиус Бјорнсон, кој е познат и како „човек планина“, се прослави во хит серијата „Game of Thrones“. Тој е висок 206 сантиметри и тежок околу 193 килограми, додека неговата сопруга, фитнес инструкторката Келси Хенсон е само 158 сантиметри и нешто повеќе од 50 килограми.

Хафтор Бјорнсон
Хафтор Јулиус Бјорнсон и Келси Хенсон

На некои од објавените фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, „човекот планина“ ја држи сопругата во едната рака, а тие биле во врска уште пред тој да стане светски позната личност. Поради нивниот непропорционален изглед, таа го доби прекарот „тамбелина“.

Тие се во брак од октомври минатата година, а на луѓето секогаш им е смешно кога ќе ги видат заедно поради висинската разлика. Тој за британските медиуми открил која е тајната на неговата успешна „маса“.

Можам да подигнам илјада килограми, а внесувам 10.000 калории дневно. Морам да јадам на секои два часа за да ја одржам постоечката маса“, изјавил тој за Daily Mail, а неговата сопруга кажала: „Тој јаде многу. Ако одиме во супермаркет, ни треба камион за да ги задоволиме неговите потреби“.

На прашањето кој е глава на семејството, тој кажал дека сопругата се прашува апсолутно за се.

Таа е глава на семејството, ги води сите домашни работи, а мојата работа е да заработувам, што е исто така важно за животот на едно семејство“, кажал тој.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НИВНИОТ ЗАЕДНИЧКИ ЖИВОТ ОВДЕ.