ВИДЕО | Огромен “песочен ѓавол“ висок два километри е снимен на Марс

Иако Марс е студен, правлив и (барем колку што знаеме) без живот, тоа не значи дека сè на него е мирно како гробишта среде ноќ. Сè се случуваат – земјотреси, бури и слични природни појави како на Земјата.

Прашинските ѓаволи се всушност вртлози од прав, т.е. ротирачки текови на потопол воздух. Тие обично достигнуваат височина од неколку десетици метри, но можат да бидат високи неколку стотици метри или дури и километри (како во овој случај). Зошто се формираат ? Најчесто поради доаѓањето на потоплите денови.

Исто како Земјата, Марс минува низ своите сезони. И додека летната жештина не може да се спореди со онаа на Земјата, Марс е зафатен од мали вртливи бури во лето, кои се создаваат кога сончевата светлина го загрева воздухот во близина на сувата површина на планетата.

Ние дури и не би ги виделе овие вртлози доколку не ја влечат околната прашина зад себе. Имено, вртлозите се движат напред и притоа собираат прашина и песок, оставајќи зад себе специфична трага која наликува на исчистена патека. Исто така, тие имаат неочекувана, но корисна функција – знаат како да ги исчистат соларните панели на роверите за време на нивното поминување.

По анализата на снимката, научниците утврдиле дека песочниот ѓавол е оддалечен околу четири километри од роверот.

Иако камерата го снимила само нејзиниот долен дел (висок околу 118 метри), експертите можеле да ја проценат неговата целосна големина. Исто така, пресметале дека се движи од исток кон запад со брзина од околу 19 km/h.