ВИДЕО | ОДЛИЧНА МАЈСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЈАМАНТ – Елиф Елмас ја запечати победата на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот прв гол сезонава во Серија А за Наполи, заокружувајќи ја гостинската победа на неговиот тим против Салернитана со резлутат од 0:2 во рамки на 11. коло.

Елиф Елмас, во игра влезе во 67. минута од средбата на местото на Кварцхелија и веќе во 82. минута приреди вистинска мајсторија за водство од 0:2 на Наполи.

Извонредна соло-акција на македонскиот „дијамант“, кој со прецизен луциден шут од работ на шеснаесетникот стрелаше, ја запечати победата на „Наполитанците“. Голот на Елиф Елмас можете да го погледнете ОВДЕ.

Наполи, претходно до водство од 0:1 дојде со голот на Џакомо Распадори уште во 13. минута од натпреварот.