ВИДЕО | Одмаздата на Шакира не познава граници! Погледнете каков удар му нанесе на Жерар Пике – во новиот драматичен спот ги вклучи и нејзините синови !?

Новата песна на Шакира има големо лично значење и е посветена на нејзините два сина, Милан и Саша. Пејачката го објави спотот за нејзината емотивна песна „Acróstico“, во која пее за тоа како нејзините деца ја научиле на вистинското значење на љубовта и како таа за нив го сака само најдоброто.

Во видеото се појавуваат 10-годишниот Милан и 8-годишниот Саша, кои пеат и свират на клавир со својата мајка.

Годинава Милан напиша песни што ме расплакаа, а Саша минуваше со часови на пијано, откривајќи го неговиот глас“, напиша Шакира на шпански јазик во објава на социјалната мрежа Инстаграм на 15. мај.

И двајцата беа со мене во студио и откако ја слушнаа оваа песна посветена на нив, ме замолија да бидат дел од неа“, додала латино-дивата.

Милан и Саша, прекрасно е да гледам како ги ширите крилјата и почнувате да ги остварувате вашите соништа. Нема ништо што ме прави покомплетна од тоа да бидам ваша мајка“, заклучила таа.

На видеото се гледа како семејното трио седи на клавир, додека на екранот трепка снимка на која некој ги празни детските соби и ги гаси светлата во празна куќа. Шакира е видена и како седи сама на клавирот, опкружена со кутии околу неа. Има и видео од фудбал, кое очигледно се однесува на нејзиниот поранешен и татко на нејзините синови, поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике. Видеото завршува така што тројцата се гушкаат.

Да потсетиме дека Шакира и Пике објавија дека се разделуваат во јуни 2022 година, откако беа заедно цели 11 години. Оттогаш таа откри дека таа и нејзините синови ја напуштаат Шпанија „во потрага по својата среќа“. Шакира беше отворена за нејзината разделба, споделувајќи во интервју во февруари дека периодот бил „брутален“.