Видео од инцидентот во Будва: Дритан Абазовиќ бил опкружен со луѓе, па побегнал од дискотеката (ВИДЕО)
Дино Мерлин синоќа имаше концерт во дискотеката Топ Хил во Будва.
Откако беше објавено дека синоќа имало инцидент во дискотеката Топ Хил во Будва, а бил евакуиран и премиерот Дритан Абазовиќ, објавено е видео на кое се гледа како Абазовиќ ја напушта популарната дискотека.
Неколку помлади луѓе извикува: ,,Уа – Уа и „Мило, Мило“.
Може да се забележат неколку луѓе како излегуваат од дискотеката кашлајќи. Полицијата соопшти дека во дискотеката бил употребен спреј со иритирачки ефект, но само кога Абазовиќ ја напуштил дискотеката.
Претходно денеска полицијата соопшти дека Абазовиќ не бил нападнат, туку дошло до конфликт меѓу неколку лица и дека премиерот во тој момент поминувал покрај нив.
На видеото кое беше објавено се гледа дека додека Абазовиќ си заминува со обезбедување, полицајците изнесуваат неколку лица од дискотеката а се гледа и какп од од дискотеката истрчуваат група млади луѓе.
Очевидци на настанот претходно изјавија дека виделе како полицијата го евакуира Абазовиќ а привеле и неколку лица.
-Изгледаше дека тој е нападнат затоа што човекот го пцуе пред да влезе во полициската станица. Сигурно интервенирале 15-20 полицајци – велат очевидци на настанот.