Видео од отварањето на гробот на Исус Христос по два века, кое го растревожува секој верник: На археолозите им се тресеа колената кога видоа што има таму (ФОТО/ВИДЕО)
Гробот на Исус Христос во црквата на Светиот гроб во Ерусалим со децении е заштитен од распаѓање со метална конструкција, која ги држи мермерните блокови нагризани од временските услови и влијанието на аџиите и туристите. Беше целосно запечатен повеќе од два века, а потоа научниците првпат го отворија пред речиси девет години.
Христијанските заедници во Светата Земја пред неколку месеци започнаа со обновување на тешко оштетеното вечно место на Исус.
Според верувањата, телото на Исус Христос било положено во 33 година под карпата што се наоѓа во ова светилиште.

Мермерната плоча што го покрива гробот беше отстранета три дена за реставрација и археолошка анализа. Тоа беше првпат да се премести барем од 1810 година, кога беа извршени последните работи поради пожар во базиликата, а можеби и порано, рече тогаш отец Самуел Агојан од Ерменската црква.
Грчки експерти беа задолжени за реконструкцијата, а целиот процес го сними National Geography за потребите на документарецот. Ликот на Исус може да се види во тесен дел од просторот, под скриен панел. Пронајдени се бројни материјали кои се проследени на понатамошна детална анализа.
– Отворањето на гробот на експертите ќе им даде единствена можност да го испитаат првобитниот темел на најсветото место на христијанството – истакнаа археолозите во тогашните медиуми, а видеото го објави „National Geographic“ во 2016 година.
Работите беа финансирани од трите главни христијански деноминации кои управуваат со базиликата на Светиот гроб (католици, православни, ерменски христијани).
– Морам да признаам дека колената ми се тресеа при поместување на плочата – рекол Фред Хиберт, постојан археолог на National Geographic, пренесува Блиц.