ВИДЕО | ОЛИВЕРА ЌИРКОВИЌ ЗНАЕ НАЈДОБРО КАКО Е ВО ГРЧКИТЕ ЗАТВОРИ – Хрватите ја прашаа Пинк Пантер што ги чека навивачите на Динамо Загреб, а таа им даде брутален одговор!

Оливера Ќирковиќ, поранешна членка на организираната криминална група Пинк Пантер добро знае како да се преживее во грчките затвори и за хрватските медиуми проговори за тоа што ги очекува навивачите на Динамо Загреб.

По веста дека 105 хрватски навивачи останаа зад решетки по убиството на навивач на АЕК во Грција, беше објавено и како изгледаат тие затвори. Хрватските навивачи се пожалија на условите, а меѓународните институции ги оценуваат како многу лоши. Во вакви затвори била и Оливера Ќирковиќ, поранешна членка на организираната криминална група Пинк Пантер, која за RTL открила за што се работи бидејќи во нив поминала осум години.

Фактот дека Грција е во Европската унија не треба да значи дека хрватскиот народ треба да надева дека тоа е Европската унија. Сè оди бавно, истрагата е многу бавна и невешта, и фактот дека нема докази дека тие се сторителите на делото не е претерано надежно, во грчките судови лесно можеш да бидеш осуден без докази, а во друг суд има шанси да паднат казните. Ова уште не е ни почнато, ќе трае вечно. Тие не можат да им помогнат на децата во ниеден случај освен финансиски, да имаат пари, што повеќе пари и тогаш полесно ќе се преживее притворот и затворот“, изјавил Оливера Ќирковиќ.

За потсетување, неодамна во емисијата Во Центар гостуваше токму Оливера Ќирковиќ, која за време на интервјуто со Васко Ефтов детално открива како успеала да избега од најголемиот затвор во Грција, а воедно и највави дека токму поради нејзиното бегство се снима најспаката балканска серија односно – „Како Пинк Пантер избега од грчкиот Алкатраз !?“.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – Оливера Ќирковиќ тврди: “Се што ќе замислам – се остварува!” – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov. #fyp #fy #viral #VoCentar #VaskoEftov #OliveraCirkovic #PinkPanter #MK #MKD #Macedonia #Serbia #Greece @Olivera Cirkovic

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Целата емисија од гостувањето на Оливера Ќирковиќ во емисијата Во Центар можете да го погледнете овде.