ВИДЕО | ОПШТ ХАОС ПРЕД ДОМОТ НА БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ – Полицијата се обидува да си сопре луѓето, но тие ги поминаа заштитните бариери: “Затвор, сега!“

Полицијата ги задржа демонстрантите пред резиденцијата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во саботата поради зголеменото незадоволство на јавноста поради неуспесите што доведоа до минатомесечниот смртоносен напад на палестинската исламистичка група Хамас врз заедниците околу Појасот Газа.

Веејќи бело-сини израелски знамиња и извикувајќи „Затвор сега!“, стотици луѓе поминаа низ полициските бариери околу резиденцијата на Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.

Протестот, одржан на денот на објавувањето на резултатите од анкетата според која три четвртини од Израелците сметаат дека Бенјамин Нетанјаху треба да се повлече, го покажа растечкото незадоволство на граѓаните од нивните политички лидери, а видео-снимки од демонстрациите можете да погледнете ОВДЕ.

Бенјамин Нетанјаху досега не презеде лична одговорност за неуспесите што го овозможија ненадејниот напад во кој стотици борци на Хамас упаднаа во јужен Израел на 7. октомври, убивајќи повеќе од 1.400 луѓе и земајќи најмалку 240 заложници.

Гневот на јавноста оттогаш порасна, а семејствата на заложниците држени во Појасот Газа остро го критикуваа одговорот на Владата и бараат нивните најблиски да се вратат дома.

Илјадници луѓе протестираа и во Тел Авив веејќи знамиња и носејќи фотографии од некои од луѓето заробени во Појасот Газа со знаци како „Ослободете ги заложниците сега по секоја цена“, а видео-снимките можете да ги погледнете ОВДЕ.

Резултатите од анкетата на израелската телевизија Channel 13 објавена во саботата покажаа дека 76 отсто од Израелците веруваат дека Бенјамин Нетанјаху, премиер во неговиот шести мандат, треба да поднесе оставка, а 64 отсто сметаат дека земјата треба да има избори веднаш по војната.

Кога станува збор за одговорноста за нападот, 44 отсто од Израелците го обвинија Бенјамин Нетанјаху, 33 отсто го обвинија началникот на Генералштабот и високи воени претставници, а пет отсто го обвинија министерот за одбрана.