ВИДЕО | Отворен багажник на сред автопат, со камила во него: Вакви сцени ретко се гледаат

Животното го набљудува светот од необична перспектива

На социјалните мрежи кружи необично видео, наводно снимено во Саудиска Арабија.

Бел автомобил „крстарува“ по правлив автопат, додека во отворен багажник наместо торби или кутии гледаме – камила!

Ќе признаете дека таквите сцени не можеме да ги наречеме обични.

Животното е „напикано“ во багажникот на автомобилот и го набљудува светот од необична перспектива. Глетката е нереална, а корисниците на социјалните мрежи остануваат без зборови.