ВИДЕО | ОТКРИЕНО ПОКРАЈ КОГО Е ЗАКОПАН ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН – Објавени првите снимки од последното збогување со лидерот на Вагнер: Една работа на сите им паѓа во очи

Лидерот и основач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, беше погребан денес во Санкт Петербург опкружен со неговото семејство и најблиските пријатели и соработници.

Последното збогум со Евгениј Викторович се одржа во затворен формат. Оние кои сакаат да се збогуваат можат да ги посетат гробиштата во Порохово“, се наведува во кратката објава од прес-службата на Вагнер на социјалната мрежа Телеграм, со фотографија од Евгениј Пригожин.

Неколку часа по погребот се појавија првите фотографии и видеа од гробот на Евгениј Пригожин. На снимките може да се види дека, сепак, на погребот дошле повеќе луѓе од претходно најавеното, односно неколку стотици.

На фотографиите кои ги објави медиумската агенција AP, може да се види дека на влезот и на самите гробишта се распоредени полициски сили. На гробот на Евгениј Пригожин има крст со плоча на која е испишано неговото име, како и цвеќиња и борови гранки.

Според информациите, Евгениј Пригожин е погребан до неговиот татко Виктор Евгениевич Пригожин.