ВИДЕО | ПАДНА ГОЛЕМ БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ – Запленети повеќе од два тони кокаин: Полицијата објави снимка од акцијата на рибарски брод во Шпанија
Агенти на шпанската национална полиција во соработка со американската агенција ДЕА заплениле 2.300 килограми кокаин на рибарски брод недалеку од брегот на Галиција, односно Виго, најголемиот тамошен град.
Според информациите на тамошните медиуми, уапсени се четворица членови на екипажот, како и петто лице кое било задолжено да ја прими робата и да ја префрли на блискиот брод, објави шпанската полиција, која на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер) објави видео од акцијата, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.
Истрагата започнала кога агентите влегле во трага на неколку лица, членови на „Балканскиот картел“, кои имале намера да ја користат Шпанија како влезна точка за увоз на наркотици и понатамошна дистрибуција низ Европа. Утврдено е дека тие го подготвувале транспортот и со големи контејнерски бродови превезувале значителни количини дрога од Јужна Америка, за подоцна да ја префрлат на помали бродови кои пловеле од локалното пристаниште.
Во соработка со ДЕА, осомничените беа идентификувани, а на 11. септември агентите откриле потенцијална цел во близина на Виго и започнале операција за запирање на рибарскиот брод. Сепак, бродот не застанал и покрај постојаните барања на полицијата, па полицијата се качила на него. При претресот на бродот агентите пронашле поголема количина дрога.
Уапсени се четворица членови на екипажот, а потоа е идентификуван едно од лицата задолжени за примање и транспортирање на дрогата до безбедно место, кое побегнало од Галиција во Мадрид, каде на крајот бил лоциран и уапсен во хотел.
Потоа, агентите претресле две куќи во Ла Коруња, каде што конфискувале речиси 200.000 евра во готовина и возило од висока класа.