ВИДЕО | Платила илјадници и илјадници евра за зголемување на усните, а денес не може да јаде: “Нема да престанам со операциите!“
Австријката Виена Вирстел од Виена не може да јаде нормално откако потрошила илјадници и илјадници евра на естетски операции за зголемување на усните.
Виена Вирстел имала и третмани на челото и образите, како и неколку зголемување на градите. И покрај фактот што не може да јаде и пие поради новите усни, таа нема намера да ги прекине операциите.
„Едвај чекам да добијам уште поголеми усни. Многу сум возбудена и многу среќна поради моите големи усни. Секогаш ги сакав такви“, вели таа во видеата што ги споделува на социјалните мрежи.
Нејзините операции ја направија мета на многумина кои го критикуваат нејзиниот изглед. Без оглед на коментарите, Виена Вирстел, која себеси се нарекува „пластичен изрод“, е горда на својот изглед и ги охрабрува сите да не се плашат да прават нешто што ќе направи да се чувствуваат посигурни во сопственото тело.
Виена Вирстел моментално дели стан во Мајорка, Шпанија со Џесика, која е наречена „жената со најголеми гради во Австрија“. Џесика потрошила околу 50.000 евра на пластични операции за да стане вистинска Барбика, а закажала уште еден третман за да стави уште поголеми импланти, пишува Mirror.