ВИДЕО | ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ НОВОГОДИШНАТА НОЌ ВО БЕРЛИН – На познатиот плоштад немаше ниту една жена, а сите Германци знаат и зошто !?
Властите во Берлин соопштија дека новогодишните прослави во германската престолнина биле помирни од минатата година, иако 390 лица се уапсени, а 54 полицајци биле повредени. Многумина биле приведени поради кршење на законот за оружје и експлозиви. За потсетување, полицијата во неделата вечерта забрани употреба на петарди низ градот.
Но, судејќи по видеата кои беа објавени на социјалните мрежи, пиротехниката сепак се користела – и тоа многу.
„Толпата пушти огромен огномет на ‘Александарплац‘ за да ја прослави Новата година додека властите се залагаат да се ублажат таквите прослави по немирите што ги имавме претходната година“, напиша еден корисник социјалната мрежа Х (Твитер).
„На ‘Александарплац‘ нема ниту една жена на повидок… Сите знаеме зошто“, објави друг корисник, алудирајќи на бројот на мигранти на берлинскиот плоштад.
Многумина се потсетија и на 2016 година, кога околу 100 жени во Келн пријавија дека биле ограбени, добивале закани или биле сексуално малтретирани од млади, главно пијани мажи. Првиот човек на полицијата тогаш изјави дека полицајците ги опишале напаѓачите како „мажи од арапските и северноафриканските земји“ и дека биле на возраст од 18 до 35 години. Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, исто така, го изрази своето вознемирување од инцидентите тогаш.
Околу 4.500 полицајци патролираа во Берлин на новогодишната ноќ за да спречат немири. Тоа беше најсилното полициско присуство во градот во последните децении, пишува AP News.
Пред една година, Берлин беше сведок на насилни ексцеси за време на новогодишните прослави, во кои демонстрантите пукаа и фрлаа огномети врз полицијата, пожарникарите и медицинскиот персонал, што предизвика немири низ целата земја.