ВИДЕО | Погледнете како изгледа внатрешноста на подморницата која исчезна во Атланскиот Океан – објавена снимка од просторот каде се заглавени патниците!

Компанијата OceanGate Expeditions, која ја поседува малата подморница која исчезна во Атлантскиот Океан за време на турнеја до потонатиот брод Титаник, минатата година објави видео од нејзината внатрешност.

BBC потврди дека во исчезнатата подморница, покрај британскиот милијардер Хамиш Хардинг, како и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, се наоѓа и познатиот француски истражувач Пол-Анри Наргеола.

Тој е поранешен нуркач на француската морнарица, кој бил член на првата експедиција што го посетила потонатиот брод Титаник во 1987 година, само две години откако бил пронајден на дното на Атлантикот.

Французинот дури го добил и прекарот „Господин Титаник“, бидејќи поминал повеќе време во истражување на потонатиот брод од кој било друг нуркач.

Исто така, имаше тврдења дека Стоктон Раш, извршниот директор и основач на OceanGate Expeditions, исто така е во исчезнатата подморница, но BBC наведува дека нема независна потврда во врска со него.