ВИДЕО | Погледнете како ЦИА се обидува да ги намами Русите да шпионираат за нив: “Сакаме да ја дознаеме вистината!“
ЦИА објави ново видео кое има за цел да регрутира руски владини службеници кои се противат на војната во Украина и сакаат да шпионираат во име на САД.
„Зошто животот на една личност е повреден од животот на другите ? Кој одлучува за тоа ?“, вака започнува видео кампањата, а на истата се гледа зрел маж кој замислено гледа низ прозорецот, додека неговата сопруга го заспива нивното дете.
Централната разузнавачка агенција (ЦИА) се обидува да внесе руски шпиони во своите редови и да ги натера да ги откријат своите тајни, а на социјалните мрежи се споделува интересно видео. Во исто време, ЦИА им ветува на руските граѓани дека ќе бидат заштитени доколку одлучат да се приклучат на шпионската мрежа.
„ЦИА сака да ја знае вистината за Русија и бараме сигурни луѓе кои ја знаат и можат да ни ја кажат вистината. Вашите информации можеби се повредни отколку што мислите“, се вели во видеото на ЦИА.
Видеото на руски јазик со наслов „Зошто контактирав со ЦИА: Моја одлука“ беше објавено и на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Телеграм.
Двеминутното видео покажува лажни руски офицери како тајно контактираат со ЦИА преку темна мрежа.
„Јас преживеав. Моето семејство ќе преживее. Ќе живееме достоинствено, благодарение на моите дела“, вели на крајот нараторот на руски јазик во видеото.
Анонимен претставник на агенцијата зборувал за CBS News за кампањата на ЦИА.
„Сакаме да допреме до оние храбри Руси кои се чувствуваат под притисок од неправедната војна на руската Влада, да контактираат со ЦИА и да го направат тоа на најбезбеден можен начин. Бараме луѓе од доверба“, кажал анонимниот извор во интервјуто.
„Целта на видеото е да им даде насоки на руските граѓани како безбедно да контактираат со агенцијата“, додал тој.