ВИДЕО | Погледнете што точно се случило со подморницата ‘Титан’! 3Д анимација објаснува објаснува се, а истата стана апсолутен хит на интернет и собра милионски прегледи

На социјалните мрежи е објавена детална 3Д анимација на која се гледа имплозијата на малата подморница „Титан“ во длабочините на Атлантскиот Океан, во која животот го загубија пет лица.

Daily Mail објави дека на Јутјуб профилот на AiTelly е прикажана вознемирувачката имплозија што се случи минатиот месец, а за 12 дена откако е поставена, анимацијата е прегледана 6,3 милиони пати.

Титан, подморница

Таму може да се види како поради огромниот подводен притисок се распаднала подморницата во сопственост на компанијата OceanGate, која требало да ги однесе косопственикот и четворица патници на обиколка на потонатиот брод на „Титаник“.

Британскиот весник потсетува дека на 18. јуни „Титан“ ја загубил комуникацијата со пловилото што го набљудувал од површината, при нуркање кон остатоците од легендарниот брод, кои се наоѓаат на дното на океанот на длабочина од 3,8 километри.

Титан, подморница

Само неколку дена подоцна беа пронајдени делови од уништената подморница, за која се вели дека била уништена во катастрофална имплозија.

Во подморницата загинаа туристите Хамиш Хардинг (58 г.), Шахзада Давуд (48 г.), неговиот син Сулеман Давуд (19 г.), пензионираниот француски воен нуркач Пол-Анри Наргеоле и Стоктон Раш, извршен директор на компанијата OceanGate.